Полни 25 години се зад нас, години во кои, заедно со целиот тим и сите луѓе кои годиниве беа дел од нашата приказна прераснавме во успешна компанија со сериозни успеси зад себе…
„Тамаро“ е трговска фирма, која е основана во далечната 1997 година.
Името го добива по првите две букви од имињата на сопствениците Татјана и Роберто и нивната тогаш 7-годишна ќерка Марија. Во 2005 година е отворен првиот простор за магацин на големо „АМ“.
Во 2016 година, во склоп на „Анабела“ производството започнува со работа и „Тамаро“ пекарата, а производството е проширено на над 500 м2 во кои работат и слаткарата и кујната за готови јадења. „Анабела“ е лоцирана во просториите на нашиот магацин на големо „АМ“ од 4000 м2.
Магацинот „АМ“ работи и извоз во Австралија и се` уште се шири во тој дел. Дистрибутери сме на многу програми во Охрид и пошироката околина, но и Струга, Дебар, Кичево и Ресен.
„Тамаро“ веќе брои 12 маркети и еден дисконт и е сериозен бренд на кого му веруваат купувачите и партнерите. Развива своја маркетинг стратегија, со добри цени и соработка со многу фирми. Зад себе има бројни проекти и постојано го шири ланецот маркети, со што се зголемува продажбата, а услугите и производите на „Тамаро“ се` полесно стигнуваат до секој дом во Охрид и околината.
Лидерскиот тим за подобрување на работните стандарди и односот кон потрошувачите, постојано организираат сопствени обуки и предавања за вработените. Тоа резултира со сериозни резултати и одличен менаџерски кадар. Идните планови на компанијата предвидуваат сериозно проширување на брендот „Тамаро“.
Продолжуваме понатаму, уште посилни…
Контакт
Имате дополнителни прашања?
Поголем број членови, поконкуренти цени на производи со добар квалитет по прифатлива цена. Секој викенд акции. Контактирајте со нас и станете дел од нашата групација.
ЧЛЕНКИ ВО ГРУПАЦИЈАТА
СКОПЈЕ, СТРУГА, КУМАНОВО, БИТОЛА, ГОСТИВАР, ОХРИД, КИЧЕВО, СВЕТИ НИКОЛЕ, КАВАДАРЦИ И ТЕТОВО - МНОГУ ПОВОЛНОСТИ ЗА КУПУВАЧИТЕ