МКБ Миса ги направи своите први чекори низ трговијата во 1995 година, основана од браќата Антон и Васил Миса, со најпрво еден магацински простор. Шест години подоцна, во 2001 година се отвори првиот маркет до градскиот пазар во Струга, со кој наш приоритет стана задоволството на нашите потрошувачи, и така се создаде и нашиот слоган „Пазарете со мерак“.МКБ МИСА се занимава со трговија на големо и мало.
Миса е најголем дистрибутер на производи за прехрана и хигиена во Струга и располага со модерен објект во кој е сместен магацинот каде се тргува на големо и во моментов осум маркети во Струга и Охрид со тенденција за понатамошно зголемување на пазарот поради очигледната потреба на потрошувачите од наше блиско присуство до нив.Магацинот на Миса е модерен и современо опремен простор кој се протега на 1000 метри квадратни и од него со артикли се снабдуваат најголем дел од малопродажните колонијални продавници во Струга, Охрид и околината како и ХоРеКа комитентите.Сите наши маркети се современо опремени и беспрекорно снабдени да ги задоволат сите потреби на денешните потрошувачи и нивните желби за пријатно пазарење во убава атмосфера и услужливост на нашиот персонал по кој сме надалеку познати.МКБ МИСА е компанија со имиџ и реномиран партнер на своите комитенти. Вашето задоволство е наш успех.Пазарете со мерак е нашето мото !
Контакт
Имате дополнителни прашања?
Поголем број членови, поконкуренти цени на производи со добар квалитет по прифатлива цена. Секој викенд акции. Контактирајте со нас и станете дел од нашата групација.
ЧЛЕНКИ ВО ГРУПАЦИЈАТА
СКОПЈЕ, СТРУГА, КУМАНОВО, БИТОЛА, ГОСТИВАР, ОХРИД, КИЧЕВО, СВЕТИ НИКОЛЕ, КАВАДАРЦИ И ТЕТОВО - МНОГУ ПОВОЛНОСТИ ЗА КУПУВАЧИТЕ