ЛКА, Еден трговски ланец – многу поволности за купувачите

за своите потрошувачи и да понудат нешто поразлично. И само во првата година од постоењето, на првите 6 им се приклучија уште 4 други трговски ланци, со што во моментов ЛКА односно, Асоцијацијата на локални ланци на Македонија, брои 10трговски бренда.

Од Здружението истакнуваат дека сѐ уште се отворени за нови членки, а во моментов придобивките од здружените сили ги чувствуваат купувачите на Рептил од Скопје, Миса од Струга, Елида од Куманово, Ангромаркетинг од Битола, Монтенегро од Гостивар, Тамаро од Охрид, Атва од Кичево, Астра од Свети Николе, Минекс од Кавадарци и Оаза од Тетово. Денес здружението располага со 137 продажни објекти во кои работат над 1500 наши сограѓани, асо годишниот приход за 2021 година од 124 милиони евра и бројот на продажни места, здружението се етаблира како еден од најсериозните играчи на пазарот на малопродажба.

Од Асоцијацијата на локални ланци истакнаа дека основата цел на нивното здружување е на потрошувачите да им се понудат пристапни цени на познати производи, но и понуда на брендови кои можат да се најдат единствено во маркетите на членките на овој ланец. Во тој список се кондиторските производи Sunrice и Delicious, млечните производи на млекарницата Шара,зрнести производиа Nutriland, конзервирани производи Hans, препаратите за домаќинство и хигиена Bliss и Viki сладоледите Ice Dream како и тоалетната хартија и бришачите за раце Perfetto.

Од менаџментот истакнуваат дека тие интензивно работат на проширување на понудата на ваквите производи, но и на пласирање брендови од проверени домашни и странски произведувачи по акциски цени.

Покрај постојаната конкурентна понуда, во маркетите на Асоцијацијата секој викенд се одржуваат акции со значително намалени цени на одредени производи, аво плановите за во иднина се најавува проширување на присуството на ексклузивни производи како и понатамошно проширување и на бројот на членки.